Албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) потврдува дека албанската популација е речиси подеднакво поделена меѓу граѓаните кои живеат во земјата и тие кои живеат во странство.
Во 2025 година, според студијата на Институтот за статистика, бројот на новата дијаспора што заминала од 1990 година досега се проценува на 2.256.346 граѓани или околу 49 отсто од вкупниот број граѓани, додека според податоците од пописот на населението во Албанија има 2.402.113 жители, објави Топ чанел.
Прегледот на бројките на дијаспората потврдуваат дека во емиграција е релативно млада популација, при што возрасната група од 15 до 64 години го сочинува главниот удел, по што следат децата до 14 години, со 18 отсто и граѓаните над 65 години, приближно пет отсто. Од вкупниот број 1.177.529 лица се мажи, а 1.078.817 се жени.


