Општина Штип ги повикува граѓаните и урбаните заедници активно да се вклучат во процесот на креирање на општинскиот Буџет за 2026 година, преку директно предлагање и приоритизирање на проекти од локално значење.
Јавните средби ќе се одржат според следниот распоред:
– 22 декември 2025 година, во салата на Советот на Општина Штип, со почеток од 18:00 часот, за урбаните заедници: УЗ Славчо Стојменски, Три Чешми, Железничка, 8 Ноември, Брегалница, Баби, Тошо Арсов и Караорман.
23 декември 2025 година, во салата на Советот на Општина Штип, со почеток од 18:00 часот, за урбаните заедници: УЗ Чардаклија, Сењак, Дузлак, Ново Село, Превег, Св. Недела, Васил Доганџиски, Автокоманда, Балканска, Македонка и Општина Штип.
Целта на овие средби е граѓаните непосредно да ги изнесат своите идеи, потреби и приоритети, со што ќе придонесат кон поефикасно и потранспарентно планирање на буџетските средства на локално ниво.


