Најголемиот ветро-парк во државата за неколку дена ќе ги добие одобренијата за градба. Ќе се гради од Карбинци, преку Штип до Радовиш и ќе чини половина милијарда долари

0
80

Проектот – изградба на најголемиот ветро-парк во државата е пред реализација. Одобренијата за градба ќе се издадат до крајот на годината а со работа ќе се започне во јануари или најдоцна во првите три месеци од идната година, потврди денес премиерот Христијан Мицкоски.