Грчките земјоделци ќе направат две паузи на блокадите .Граничните премини ќе бидат отворени за католички Божик и за Нова година

0
113

Граничните премини кон Грција ќе бидат отворени за патниците за време на католичкиот Божик и за Нова година, информираа грчките медиуми откако земјоделците одлучија да направат пауза и да им овозможат на туристите да празнуваат во Грција.
Земјоделците ќе ги прекинат блокадите и ќе ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Како што пренесуваат грчките медиуми, тие сакаат да им овозможат на граѓаните да ги реализираат своите планови за прослава на Божиќ и на Нова година во Грција.