Доколку следната недела има парламентарни избори за владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 26 проценти од граѓаните, а за опозицискста СДСМ 8,9 проценти. Најголема доверба од политичарите граѓаните имаат во премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски .Тоа го покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето на Институтот за политички истражувања (ИПИС) „Перцепција на граѓаните за рејтинг на партии и политичари“, спроведено преку телефонска анкета меѓу 15 и 18 декември годинава на 1.114 полнолетни испитаници на ниво на државава…


