„Форд“ повлекува 273.000 возила поради дефект. Менувачот не се заклучува во „парк“ и постои опасност возилото да се движи

0
137

Компанијата Ford Motor повлекува речиси 273.000 возила поради проблем при паркирање кој може да доведе до самопокретување на автомобилот и зголемен ризик од судири, соопшти Националната управа за безбедност во сообраќајот на патиштата во САД (NHTSA).

Ова повлекување се однесува на одредени модели на пикапи F-150 Lightning BEV произведени од 2022 до 2026 година, модели на автомобили Mustang Mach-E од 2024 до 2026 година, како и модели на пикапи Maverick за 2025 и 2026 година, пренесува CBS News.

NHTSA посочува дека интегрираниот модул за паркирање во овие возила може да откаже и да не заклучи менувачот во положба за паркирање кога возачот ја става рачката во тој режим, што создава ризик возилото само да се придвижи.

Превземено: Трн