Мирчески – Македонскиот тутун е бренд што мора да се заштити и прогласи за национално благо!

0
107

Македонскиот тутун е редок и високо ценет бренд на светскиот пазар и како таков мора да биде заштитен и прогласен за национално благо, порачува Игор Мирчески поранешен координатор на новоформираните тутунарски здруженија. Тој укажува дека и покрај квалитетот и ограниченото глобално производство, тутунарите немаат право да учествуваат во формирањето на откупната цена, која со закон им е препуштена исклучиво на откупните компании.
Според Мирчески, ориенталниот ситнолистен тутун се произведува само во неколку земји, меѓу кои Македонија е втор најголем производител во светот. Производството е традиционално, рачно, трудоинтензивно и скапо, со сè поголем недостиг од работна сила, но овие фактори не се вклучени во конечната цена.
Тој смета дека државата мора итно да интервенира со законски измени и да им овозможи на тутунопроизводителите, преку свои здруженија, рамноправно учество во креирањето на цените. Само така ќе се обезбедат стабилно производство, повисоки откупни цени и реално вреднување на трудот на тутунарите уште од следната реколта што започнува во март.