Најмалку 62 мигранти спасени од морето во близина на Крит. Пристанишните власти на спроведоа две операции за спасување на мигранти во текот на ноќта. Во една од акциите, на 45 наутички милји југоисточно од Кала Лимена, патролен брод на крајбрежната стража забележал 27 лица на брод во морето при што реагирале, објави „Катимерини“. Според информациите, следело нивното спасување а потоа и транспорт до Кали Лимена, центар за мигранти.


