Бахамите го признаа Косово

0
98

Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи. Таа на Бахамите го потпиша договорот за воспоставување дипломатски односи со премиерот Филип Брејв Дејвис.
Со заедничка изјава објавена на социјалната мрежа X, двете држави информираа дека дипломатските односи стапуваат во сила веднаш, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција од 1961 година.
Бахамите и Косово изразија подготвеност за развој на соработка во повеќе области, меѓу кои трговија, инвестиции, туризам, образование, култура и технологија, со цел градење продуктивно и стабилно партнерство.
Годинава независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија, додека бројот на земји што ја признаваат државата останува предмет на различни толкувања.