Населението на Албанија се намалува речиси два до три пати повеќе отколку во другите земји во регионот, според ажурираните податоци од Евростат за населението на земјите кандидати за членство во ЕУ. Според Евростат, намалувањето на населението во Македонија изнесува 0,2 отсто, во Босна и Херцеговина е 0,3 , во Србија 0,6 и во Црна Гора 0,1 отсто.
Оваа година, официјалното население на Албанија брои 2.363.314 жители и бележи намалување од околу 27.628 луѓе во рок од една година што е релативен пад од 1.2% и е далеку највисок во регионот.


