Црногорската влада ја донесе Одлуката за утврдување на годишниот број на дозволи за привремен престој и работа на странци, што ќе им овозможи на речиси 29.000 странци да работат во Црна Гора во 2026 година.Како што беше објавено по седницата на Владата, од споменатиот број се издвојуваат 5.000 дозволи за привремен престој и работа на странци, кои Министерството за труд, вработување и социјален дијалог може дополнително да ги распредели за одредени цели, во согласност со потребите на пазарот на трудот на барање на Агенцијата за вработување на Црна Гора.


