Со изведување на доказите од страна на обвинителството и распит на сведоци ,денеска продолжи судењетo на обвинетиот за убиство Кадир Кара.
Обвинението стои на тезата дека во прашање е тешко, дрско убиство, планирано со логистичка подршка, кое се случи на 8 мај оваа година во кафе бар во центарот на Штип, и во текот на судскиот процес обвинителството ќе ја докаже одговорноста за сторените кривични дела. Од друга страна пак, одбраната тврди дека убиството се случило во нужна одбрана.


