Во акцијата „Армагедон“ уапсени се осум лица поради поседување порнографски материјали и искористување малолетници за порнографија и полово вознемирување.
Осомничените во подолг временски период, преку интернет преземале, чувале и споделувале содржини настанати со искористување деца за порнографски цели, соопштија надлежните.
При претресите на становите и други простории на сите осомничени, на електронските уреди биле пронајдени фото и видео-материјали настанати со искористување деца и малолетни лица за порнографски цели, информира Министерството за внатрешни работи.


