Истрагата за полицајците поврзани со трагедијата во Кочани е завршена, обвинителниот акт сè уште не е пред суд

0
63

Истрагата против полицајците вклучени во трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е завршена, но обвинителниот акт сè уште не е доставен до надлежниот суд, информираатод Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Од Обвинителството појаснуваат дека во тек е постапката за испраќање известувања до сите страни во предметот. По завршувањето на овој процес ќе започне да тече законскиот рок од 15 дена, во кој адвокатите ќе имаат можност да предложат и презентираат докази во корист на своите клиенти.

Дури по истекот на овој рок, обвинителот ќе донесе конечна одлука за случајот и за поднесување на обвинителниот акт, додаваат од Обвинителството.
Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ се случи на 16 март годинава, при што животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот предизвика силни реакции во јавноста и отвори прашања за одговорноста на институциите.Истрагата за евентуална кривична одговорност на осомничени полицајци, поврзана со недобивање соодветна лиценца за работа на дискотеката, започна кон крајот на март. Според досегашните информации, во предметот се опфатени вкупно 30 лица.