Црна Гора затвори пет поглавја од преговарачкиот процес со ЕУ

0
71

Во Брисел денеска се одржа 24-та Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Црна Гора, на која Подгорица времено ги затвори преговорите по пет поглавја од преговарачкиот процес за членство во Европската Унија.
Како што соопшти Советот на ЕУ, станува збор за поглавјата 3 – Право на основање претпријатија и слобода на пружање услуги, 4 – Слободно движење на капитал, 6 – Трговско право, 11 – Земјоделство и рурален развој и 13 – Рибарство.
Црногорската владина делегација на Конференцијата беше предводена од премиерот Милојко Спајиќ, додека делегацијата на ЕУ ја предводеа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и еврокомесарката за проширување Марта Кос.