Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти

0
103

46-годишен детски психијатар од Осиек е уапсен и обвинет за низа тешки кривични дела, вклучувајќи злоставување на малолетни пациенти и олеснување на употреба на дрога. По завршувањето на кривичната истрага, тој бил однесен во притвор, објави полицијата на својата веб-страница.
Полицијата се сомнева дека детскиот психијатар ја злоупотребил својата позиција во здравствена установа во Осиек помеѓу 2016 и 2019 година. Според наводите, тој им зборувал недолично на четворица негови пациенти, кои во тоа време биле малолетни, ги допирал непристојно по телото и им давал да консумираат дрога.
Истрагата, исто така, утврдила дека од 2018 до 2023 година, тој им давал дрога и на возрасни, на негови познаници, сега 35-годишни жени и 35-годишни мажи.