Фирмата на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, „Афинити партнерс“, потврди за „Волстрит џурнал“ дека се повлекува од проектот за купување на зградата на Генералштабот во Белград, откако проектот предизвика протести. Како што наведоа, го прават тоа од почит кон народот на Србија и Белград, бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат.
„Бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат, и од почит кон народот на Србија и градот Белград, ја повлекуваме нашата апликација и се повлекуваме во овој момент“, изјави портпаролот на приватната инвестициска фирма на Кушнер, „Афинити партнерс“, пренесуваат српските медиуми.


