Затвореник пронајден починат во „KПУ Затвор“ – Штип. Констатирана смрт без траги на насилство

0
69

На 15.12.2025 во 10:35 часот во СВР Штип, од Казнено поправна установа-Затвор Штип пријавено е дека во соба во установата пронајден е починат осуденикот В.М.(40) од Скопје. Од лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.