На 14.12.2025 во 23.30 часот во кочанско село, полициски службеници од ОВР Кочани лишија од слобода 32-годишник од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.12.2025 во 17:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип лишија од слобода 71-годишник од Штип, постапувајќи по претходна пријава декла во семејниот дом физички ја нападнал неговата 65-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


