Австралија најави заострување на законите за оружје по смртоносниот напад на плажата Бонди во Сиднеј, каде татко и син убија 15 лица за време на еврејска прослава на Ханука. Напаѓачите се идентификувани како 50-годишниот Саџид Акрам, убиен на лице место, и неговиот 25-годишен син Навид, кој е во критична состојба. Повредени се 27 лица, а жртвите се на возраст од 10 до 87 години. Во возилото биле пронајдени знамиња на Исламска држава. Властите сметаат дека нема други вмешани. Премиерот Ентони Албаниз порача дека Австралија стои зад еврејската заедница и ќе се спротивстави на омразата и насилството.


