Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денес потпиша Решение за реализација на проектот „Социјална сигурност за стари лица“, со кој 100 пензионери со најниски примања ќе добијат финансиска поддршка од 6.000 денари.
Оваа мерка е дел од Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи како лица со најниски примања.
„Со оваа поддршка сакаме да им помогнеме на нашите пензионери во пресрет на празниците и да им покажеме дека Општина Штип постојано е тука за најранливите категории граѓани“, изјави градоначалникот Иван Јорданов.


