Пијан 57-годишен штипјанец се судрил со „нисан“, „голф“ и „мерцедес“. Полицијата го уапсила откако му измерила 1.57 промили алкохол во крвта

0
63

На 14.12.2025 во 14:13 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(57) од Штип. Претходно, во 14:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, тој со неговото возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „нисан“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(44) од Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(64) од Штип и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 53-годишната В.Ч. од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата и по извршено алкотестирање со дрегер констатирано е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,57 промили алкохол во крвта.