Носител на највисокото општинско признание на град Штип – Орденот „Свети Никола“, годинава постхумно ќе биде академик Јордан Поп Јорданов

0
103

Признанието се доделува во чест на неговиот исклучителен и траен придонес во науката, образованието и општествениот развој, како и за неговата значајна улога во афирмацијата на градот Штип во земјата и надвор од неа.
Од Општина Штип информираат дека Орденот „Свети Никола“ традиционално се доделува по повод патрониот празник на градот, а со постхумната награда се оддава посебна почит и благодарност за делото и наследството што академик Јордан Поп Јорданов го остави зад себе.
Свеченото врачување на орденот ќе се одржи во рамки на програмата за одбележување на патрониот празник на градот Штип, при што признанието ќе биде врачено на членовите на неговото семејство.
Јордан Поп – Јорданов – македонски и светски познат јадрен физичар, редовен професор на Електротехничкиот факултет во Белград, во пензија на отсекот за енергетика и електротехнички науки, филозоф, енергетичар. Бил претседател на МАНУ во периодот од 1984 до 1991 година. Како учесник во НОБ е носител на Партизанска споменица 1941. Бил и првак на Македонија во тенис во 1950. За дописен член на МАНУ е избран на 25.12.1969, а за редовен член на 26.12.1974 година.