Еден тон кокаин пронајден на грчки брод

0
82

Еден тон кокаин е пронајден на грчки брод, објави „Катимерини“.Истрагата ја спроведе грчката Администрација за борба против дрога во соработка со американската Агенција за борба против дрога (DEA).
Според првичните извештаи, бродот испловил од пристаништето Неа Миханиона во близина на Солун. Се верува дека бродот бил натоварен со дрога во Латинска Америка пред да се врати во Европа.
Пет лица беа приведени на бродот. Уште петмина беа уапсени во грчките градови Теба, Атина и Катерини. Наводниот водач на операцијата, кој е сопственик на бродот, им е добро познат на грчките власти.
Француската морнарица го влечеше бродот од Атлантскиот Океан во последните два дена како поддршка на операцијата. Се очекува бродот да пристигне во пристаништето Пиреја, каде што дрогата ќе биде запленета, а притворените ќе бидат предадени на грчките власти.