Парите што албанските емигранти им ги испраќаат на своите семејства дома брзо растат, што го одразува новиот бран на емиграција.
Според Централна банка на Албанија, дознаките достигнале 817 милиони евра во периодот јануари-септември годинава што е зголемување од 5,9 отсто во споредба со истиот период минатата година.
-Само во третиот квартал, емигрантите испратиле 285 милиони евра, или 8,8 отсто повеќе од истото тромесечие лани, како резултат на летните сезонски текови, наведува банката.
Доколку продолжи сегашното темпо, 2025 година би можела да заврши со над една милијарда евра, што е историска бројка за албанската економија.


