Во сабота, 13 декември, спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ ќе биде домаќин на 25. издание на меѓународниот турнир во слободно борење „Легендите на Спартак“, во организација на БК „Спартак“ од Кочани. Јубилејното издание оваа година е посветено на жртвите од трагичниот настан од 16 март – како спомен на Кочанските Ангели.
На турнирот учество најавија млади борачки таленти од Македонија, Бугарија и Албанија, кои ќе се натпреваруваат во машка и женска конкуренција, во возрасни категории од 11 до 17 години.
Борбите започнуваат во 10:00 часот, свеченото отворање е закажано за 14:00 часот, а финалните дуели и прогласувањето на најдобрите ќе се одржат од 15:00 часот.
Организаторите упатуваат отворена покана до сите љубители на борењето да присуствуваат и да го поддржат турнирот, кој се одржува во година кога БК „Спартак“ го одбележува значајниот јубилеј – 65 години од своето основање.
Настанот се реализира со поддршка од Министерството за спорт, Боречката федерација на Македонија, Општина Кочани и Светската боречка федерација.


