Фон дер Лајен и Кошта : Целосно посветени да видиме демократска Србија во ЕУ

0
68

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта, синоќа во Брисел објавија дека остануваат целосно посветени на тоа да видат демократска Србија во Европската унија.
Фон дер Лајен и Кошта објавија на „X“ дека разговарале со српскиот претседател Александар Вучиќ за важноста од забрзување на реформите, особено во областите на владеењето на правото и слободата на медиумите.
По работната вечера, која фон дер Лајен ја приреди во нејзиниот кабинет, таа и Кошта изјавија дека се задоволни што се сретнале со Вучиќ за да го анализираат напредокот на Србија на патот кон ЕУ.