Делчево го активира Локалниот совет за превенција: Нова работна група за едукација против пиротехника

0
77

Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски, како претседател на Локалниот совет за превенција ја реафирмирше функцијата на Советот, со цел зајакнување на безбедноста во градот и превенција од несакани појави. На седницата беше избран нов состав на Советот и беше донесена одлука за формирање работна група која ќе работи на едукација за штетноста од користење пиротехнички средства.
Новоформираната група ќе спроведува активности насочени кон млади лица и пошироката јавност, со фокус на подигање на свеста за опасностите од пиротехниката и промовирање безбедно одбележување на празниците. Целта е навремена превенција и намалување на употребата на пиротехника уште од најрана возраст.
Дел од ова координираното дејствување се полицијата, образовните и здравствените установи, противпожарната служба и други надлежни органи.
“Нивната поддршка е од суштинско значење за овозможување побезбедни новогодишни и Божиќни празници”, порача градоначалникот.