Општина Берово реализираше исплати на неколку видови финансиска поддршка наменета за различни категории жители, со цел унапредување на животниот стандард, мотивација на младите и поддршка на семејствата.
Средствата опфаќаат различни мерки од социјален и образовен карактер:
-30.000 денари за првенец на генерација – признание и охрабрување за најуспешните ученици.
-49.000 денари за новороденче – финансиска помош за семејствата кои добија нов член.
-40.000 денари за полагање возачки испит (Б категорија) – поддршка за младите за полесен чекор кон самостојност.
-20.000 денари за лица со попреченост – средства за подобрување на секојдневието и зголемена инклузија.
-66.000 денари за студенти – инвестиција во образованието и идните професионални кадри.
Од општината посочуваат дека овие мерки се дел од континуираните заложби за поголема поддршка, еднакви можности и создавање подобри услови за живеење во Берово, соопштуваат од општина Берово.


