Штипјанецот Џем Пашов освои Трето место на Младинското Светско првенство во Карате

0
108

Каратистот на КК Штип Џем Пашов освои трето место на Младинското Светско првенство во карате во Венеција. Во категоријата до 70 килограми, Пашов стигна до третото место победувајќи ги претставниците на Словачка, Унгарија, Норвешка а за подиумот го победи претставникот на репрезентацијата на Грција. Со 5 победи и еден пораз, младиот Пашов покажува дека каратето има блескава иднина во Штип предводено од тренерите и педагози, Сашко и Жарко Арсовски. Освен него, златен медал на првенството освои и репрезентативецот Иса Селмани.