Хуманитарна акција на мото клуб ,,Ендуро Тим” Делчево

0
75

Мото клубот „Ендуро Тим“ од Делчево ја спроведе првата од серијата хуманитарни акции, овој пат во домот на шестчлено семејство во село Ветрен. Акцијата е дел од нивната традиционална активност под мотото „Заедно можеме повеќе“, која има за цел да помогне на семејства во потреба.
Претседателот на клубот, Виктор Стојановски, истакна дека и малите дела можат да донесат големи промени и ги повика сите сограѓани да се вклучат. Активностите се реализираат во соработка со невладини организации кои ги насочуваат моторџиите кон семејствата со најголема потреба.
Од клубот потенцираат дека Делчево е град на хумани луѓе и повикуваат на заедничко создавање празници исполнети со топлина и човечност, пренесува делчево365.мк.