Академик Витомир Митевски, композиторот Живоин Глишиќ и ликовниот уметник Беди Ибрахим се добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година. Наградата, која претставува највисоко признание за заслуги од јавен интерес во Македонија, им беше врачена денес во Кристалната сала на Собранието. Митевски е награден за својот долгогодишен придонес во воспитанието и образованието, додека Глишиќ и Ибрахим добија признание за значајни остварувања во културата и уметноста.
По повод празникот Свети Климент Охридски, честитки упатија и претставници на државниот врв и лидерите на политичките партии.


