Трочлено семејство од Босна и Херцеговина е пронајдено мртво утрово во нивната семејна куќа во Чачак, Србија. Случајот ги шокираше локалните жители и полицијата а според медиумите, во куќата биле пронајдени телата на таткото и мајката, двајцата на возраст од околу 75 години, како и нивниот 47-годишен син.
До телото на синот бил пронајден нож, но засега не е познато дали станува збор за двојно убиство и самоубиство или за тројно убиство. Соседите за изјавиле дека семејството биле мирни, чесни и вредни луѓе кои не живееле постојано во куќата, туку доаѓале повремено а синот живеел во странство. Причините и начинот на смртта ќе бидат познати по завршување на истрагата на полицијата.


