Четврти ден продолжуваат протестите на грчките земјоделци, кои со трактори и земјоделска техника блокираат клучни патишта и гранични премини со Македонија и Бугарија, вклучително „Кулата“–„Промахон“ и „Евзони“. Блокадите предизвикуваат колони од камиони, а лесните автомобили и автобусите минуваат без проблем.
Земјоделците протестираат поради доцнење на исплатата на земјоделските субвенции од ЕУ, по откривањето на лажни барања и апсења поврзани со истрагата на Европското јавно обвинителство.
Грчката влада е отворена за дијалог, но не ги одобрува блокадите на патиштата и границите.


