БиХ/Балкан – НАТО будно го следи руското хибридно мешање во политиките на Балканот, изјави Радмила Шекеринска

0
75

НАТО внимателно ги следи обидите на Русија да влијае на внатрешните процеси во Босна и Херцеговинаи на регионот на Западен Балкан, изјави заменик-генералниот секретар на Алијансата, Радмила Шекеринска. Таа нагласи дека ваквите активности претставуваат типичен „руски модел на дејствување“ кој е дел од нивниот хибриден арсенал. „Видовме како руските хибридни активности се обидуваат да создадат поделби, да искористат дел од сецесионистичката реторика и да создадат дополнителни расцепи во нашите општества и регион“, изјави таа. Шекеринска истакна дека НАТО останува посветен на Западен Балкан додавајќи дека Алијансата има бројни сојузници од регионот, како и партнери како БиХ.