362 семејства од ранливи категории добија по 1.000 денари субвенции за струја

0
81

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година го објави списокот на 362 семејства кои во наредните 12 месеци ќе имаат месечно намалување од 1.000 денари на сметката за електрична енергија.
Решенија за финансиска поддршка се донесени за следните категории:
1.Домаќинства со едно или повеќе лица со најтешка телесна попреченост
2.Домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост
3.Домаќинства со едно или повеќе потполно слепи лица
4.Домаќинство со едно или повеќе потполлно глуви лица
Објавениот список е достапен на веб-страницата на Министерството за енергетика (www.energy.gov.mk).
https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/za-potrosuvacka-na-energija
Од министерството потсетуваат дека неплаќање на две последователни сметки за електрична енергија доведува до укинување на решението за финансиска поддршка, согласно правилата на Програмата.
Дополнително, мерките опфаќаат и ослободување од трошоци за повторно приклучување, приоритетно отстранување на дефекти и заштита од исклучување во зимскиот период.