По повод 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството, Општинската организација на Црвениот крст во Штип денес организираше свечено одбележување посветено на хуманоста и пожртвуваноста на младите волонтери. Членовите на Клубот на млади ги прославија највисоките човечки вредности, оддавајќи почит на симболиката на овој значаен ден.
Во рамки на одбележувањето, Општина Штип додели Благодарница за исклучителната посветеност, хуманост и енергија што волонтерите ја вложуваат во заедницата. Од локалната самоуправа истакнаа дека нивниот несебичен ангажман претставува пример за општествена одговорност и инспирација за пошироката јавност.
Традиционално, младите волонтери и годинава ја накитија „Елката на хуманоста“, чија цел е да внесе радост кај стотици деца од социјално загрозени семејства од штипскиот и карбинскиот регион.
Од Црвениот крст апелираат за поголемо вреднување и почитување на волонтерите, кои се движечка сила на хуманитарните активности и поддршка за најранливите категории граѓани.
Home МАКЕДОНИЈА Штип го одбележа Светскиот ден на волонтерството: Признание за младите хуманисти на...


