Хотелот “Манастир” Берово крунисан за амбасадор на балканскиот туризам

0
155

Хотел „Манастир“ од Берово ја освои наградата „Амбасадор на традиционалното гостопримство и кулинарна автентичност“ на Balkan Awards of Tourism Industry 2025, одржани во Софија, во конкуренција со водечки хотели од целиот Балкан.
Жирито составено од туристички експерти ја награди автентичната малешевска кујна, уникатното гостопримство и квалитетниот сервис што го издигнаа Берово како препознатлива регионална дестинација.
Амбасадорката Агнеза Руси Поповска и организаторката Патриција Кирилова истакнаа дека ова признание е доказ дека туризмот гради мостови таму каде што политиката често создава линии на поделба.
Сместен на 900 метри надморска височина, Хотел „Манастир“ одамна е симбол на македонската традиција, природна убавина и еко-гастрономија. Неговата стратешка локација меѓу Македонија, Бугарија и Грција го вбројува Берово на балканската туристичка мапа и го претвора во најпожелна „мала Швајцарија“ за гостите од регионот и светот.
Наградата носи и важен економски импакт – нови партнерства со туристички агенции, повеќе гости, нови работни места и засилена промоција на македонските традиционални производи.
Овој успех испраќа порака на надеж: автентичноста, човечноста и топлото македонско гостопримство се вредности што ги надминуваат сите граници, соопштуваат од Хотел “Манастир” Берово.