Денес во 11 часот истовремено се одржаа конститутивни седници во Зубин Поток, Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица, каде што градоначалниците од Српската листа официјално ја преземаа власта по победата на локалните избори, Милан Радојевиќ ја предводи општина Северна Митровица, Драгиша Миловиќ , Звечан, Милош Перовиќ Зубин Поток, а Зоран Тодиќ Лепосавиќ.
Ова формално го означува крајот на владеењето на албанските градоначалници кои ги предводеа четирите мнозински српски општини во Северно Косово по изборите одржани во април 2023 година, кои беа бојкотирани од Србите и нивните политички претставници по нивното претходно повлекување од косовските институции.


