Косовски бизнисмен купил две штипски села од приватни лица

0
81

Алба Енерги Груп, фирма на косовскиот државјанин Флетон Садику, побарала од Владата овластување за изградба на нов голем енергетски објект – најголемата фотоцентрала во земјава, на местото на напуштените штипски села Јамуларци и Скандалци.
Фирмата постои од 2021 година, а владата веќе има донесено урбанистички план со кој на околу 750 хектари, сопственост на Алба Енерги Груп и контроверзниот бизнисмен Миодраг “Дака” Давидовиќ, е предвидена фотоволтаична централа од 200 MW. Општина Штип дала позитивно мислење за проектот.