Кои промени се дел од нормалното стареење на мозокот по 50-тата година?

0
64

Стареењето е природен процес кој го менува и мозокот. По 50-тата година можат да се забележат суптилни промени во когнитивното функционирање – побавно присетување на имиња или информации, побавна обработка на податоци и потешко брзо менување на задачи. Овие промени се нормални и не значат слабеење на интелигенцијата: мудроста, моралното расудување и емоционалната стабилност често продолжуваат да се унапредуваат.
Неврологот д-р Дилан Винт објаснува дека со возраста мозокот се намалува, кортексот станува потенок, а миелинската обвивка може да ослабне. Најчесто се забележува лесно слабеење на епизодната меморија – сеќавања поврзани со лични настани.
Хормоналните промени, како менопаузата кај жените и андропаузата кај мажите, исто така влијаат врз когнитивната функција, додава д-р Дејл Бредесен.
Кога заборавеноста е сигнал за проблем?
Одредена забавеност е нормална. Но, загрижувачки е кога когнитивните потешкотии почнуваат да го попречуваат секојдневниот живот. Меѓу нормалното стареење и деменцијата постои „благо когнитивно оштетување“, кое се открива со тестирање, а кај дел од луѓето може да премине во деменција. Сепак, секое заборавање не е знак за болест – при сомнеж треба консултација со стручно лице.
Како да го одржиме мозокот здрав?
редовно, умерено аеробно вежбање
одржување социјални контакти и активна комуникација
контрола на крвниот притисок и телесната тежина
намалување на стресот и одржување здрави животни навики
Овие навики го поддржуваат мозокот и придонесуваат за подобра когнитивна функција во сите возрасти.