Икони, виски, цигари, лекови, девизи и бункер за криумчарење стока. Царината спречи повеќе обиди за криумчарење

0
74

Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе случаи на криумчарење.

На Меѓународниот аеродром Скопје запленети се 27 штеки цигари.
ГП Ново Село откриен е употребуван мотор за Mitsubishi Pajero.
Св. Наум привремено задржани се 75 пакетчиња и 123 ленти лекови без дозвола (вредност 83.180 ден.).
Стење откриени се 58 пакувања ветеринарни лекови.
ГП Делчево задржани се 5.600 евра непријавени девизи.
Богородица пронајдени се 31 штеки цигари без маркички.
Ново Село запленети се делови за автомобили и детски мопед.
ЦИ Гевгелија откриени се 10 ќилими, правосмукалка и 600 м пластични лајсни непријавени во документацијата.
Дојран запленети се 842 верски предмети, 50 креми и 84 кг мед, вредни 899.460 ден.

Мобилните тимови дополнително спречија криумчарење на 120 цилиндри за брави, 23 шишиња виски, конзоли и контролери за PlayStation/X-Box, како и бункер во автобус на релација Приштина–Истанбул подготвен за криумчарење.