Утрово општина Бутел, во координација со МВР, отстрани бесправно изграден објект на државно земјиште во населбата Визбегово. Градоначалникот Дарко Костовски соопшти дека акцијата е спроведена во раните утрински часови и најави поднесување соодветни пријави против инвеститорот.
Костовски истакна дека ваквите интервенции ќе продолжат неселективно и дека законот ќе важи подеднакво за сите.


