Продолжува судeњето за „Пулс“ – родителите на загинатите дојдоа со транспарент пред судницата

0
87

Транспарентот на кој над фотографиите на загинатите стои натпис „16.03.2025 – 63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда”, родителите го поставија на дел од металната безбедносна ограда поставена околу судницата во Идризово. Полицијата која го обезбедува просторот околу судницата првично рече дека не смеат да го постават транспарентот, но по консулатациите дозволија тој да биде од надворешната страна на оградата
Родителите и блиските на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс” во Кочани на денешното рочиште дојдоа со транспарентот со ликовите на нивните најбиски кои настраа во трагидијата.
Транспарентот е свртен кон пракингот од каде што доаѓаат обвинетите, меѓу кои и оние што се во притвор кои ги носат со полициски комбиња.
„Го донесовме транспарентот за да ги потсетиме ‘убијците’ што направија бидејќи на претходното рочиште рекоа дека не чувстуваат вина”, кажа Светлана Стојанова, мајка на Андреј Стојанов, кој загина во „Пулс”.
Јулија Златкова, мајка на загинатиот Андреј Златков, исто така, кажа дека според нив контрадикторно било тоа што никој одбвинетите не признал вина.
„Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто се во судница. Никој од нив немаше ниту грам совест и човечност да ја признае својата вина”,кажа таа во изјава за медиумите пред почетокот на рочиштето.
Со воведни зборови на дел од обвинетите денеска треба да продолжи судскиот процес за пожарот во Кочани во кој загинаа 63 луѓе, а повеќе од 200 бра повредени. На рочиштето во вторникот сите 35 обвинети физички лица се изјаснија дека не чувствуваат вина. Обвинетите три фирми го отрфлија обвинението.

Сите обвинети за пожарот во „Пулс“ се изјаснија дека не чувствуваат вина, пренесува 360степени.мк