Поранешен сопственик на Порнхаб сака да го купи Лукоил

0
107

Австрискиот бизнисмен Бернд Бергмаир, поранешен мнозински сопственик на групацијата MindGeek (во која спаѓа Pornhub), се обратил до американското Министерство за финансии со интерес за купување на меѓународните средства на руската нафтена компанија Лукоил, која е под санкции.
САД ги санкционираа Лукоил како дел од притисокот врз Москва поради војната во Украина, по што компанијата мораше да објави продажба на странските актива. Повеќе купувачи побараа дозвола за преговори – меѓу нив и ExxonMobil и Chevron.
Бергмаир не открива за кои зделки е заинтересиран ниту дали веќе разговарал со Лукоил, но изјави дека Lukoil International GmbH би била „одлична инвестиција“. Американското Министерство дозволи компании да започнат преговори до 13 декември, а секое купување ќе мора да биде одобрено од институцијата.
Lukoil International GmbH, со седиште во Виена, има рафинерии во Европа, удели во нафтени полиња во неколку држави и стотици бензински пумпи глобално, со вредност околу 22 милијарди долари.
Бергмаир е поранешен инвестициски банкар во Goldman Sachs и беше мнозински сопственик на MindGeek до нејзината продажба во 2023 година. The Sunday Times во 2021 година го процени неговото богатство на најмалку 1,2 милијарди фунти.