Осми декември – последен продолжен викенд оваа година, нови 10 следуваат во 2026

0
75

Во 2026 година граѓаните ќе имаат вкупно седум продолжени викенди, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник бр. 21/98 и 18/07). За граѓаните од православна вероисповед, календарот носи три дополнителни продолжени викенди, односно вкупно десет неработни денови што се спојуваат со викенд.
Следниот и последен неработен ден за оваа година е 8 декември (понеделник) – кој воедно претставува и последниот продолжен викенд пред крајот на 2025.
Деталниот распоред на празниците за 2026 година предвидува повеќе датуми што се поклопуваат со работни денови, овозможувајќи подолги викенди за одмор, патувања и семејни активности.