Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште пет лица добија кривични пријави поради сомневање за злоупотреби при јавната набавка на десет електрични автобуси за ЈСП „Струмица-Транспорт“.
Според МВР, Костадинов ја прекршил постапката за јавни набавки со тоа што ангажирал лице без соодветни стручни квалификации и без лиценца А за електротехнички надзор. Во тендерската документација биле наведени спецификации што речиси идентично одговарале само на однапред избрани автобуси.
Директорот на ЈСП и членовите на комисијата за јавни набавки, исто така, се товарат за несовесно работење, бидејќи дозволиле лице без потребен сертификат да биде одговорно за техничка евалуација, надзор и имплементација на договорот.
Со постапката биле набавени 10 електрични автобуси во вредност од околу 430 милиони денари, а институциите сомневаат дека е нанесена материјална штета од поголеми размери и е доведена во прашање нивната вредност и безбедност.
Home МАКЕДОНИЈА Обвинет поранешниот градоначалник на Струмица. Сомнителна е набавката од 430 милиони за...


