„Кралицата на небото“ слета на Скопје: Американски џамбо „Боинг 747“ достави опрема за македонската армија

0
72

Реткиот американски џамбо авион „Боинг 747“, наречен „Кралица на небото“, утринава слета на Меѓународниот аеродром Скопје. Авионoт долета од воената база Довер во САД и е наменет за потребите на Армијата на Северна Македонија.
Прекуокеански авиони како „747“ се невообичаени гости на скопската писта, која обично прима помали широкотрупни авиони. Последниот „747“ од производството на „Боинг“ е испорачан токму денеска, означувајќи крај на легендарната ера на овој четиримоторец, кој од 1969 превезувал патници, товари, а дури бил и претседателски авион или транспортер на вселенски шатлови.
Слетувањето на џамбот во Скопје ја потсетува на неговата историја од косовската криза во 1999, кога слетуваше за транспорт на бегалци и воени операции.