На судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, адвокатката Ангела Соколова, која го застапува поранешниот градоначалник Ратко Димитров, истакна дека тој уште пред 13 години поднел барање до надлежните институции објектот да не добие лиценца и паркинг место.
„Димитров укажал на неправилности, но институциите не одговориле. Каков апсурд е да пријавиш, а по 13 години да те обвинуваат дека не си постапил“, рече Соколова.
Одбраната тврди дека поранешните градоначалници не биле надлежни да спречат отворање на дискотеката и дека обвинителството погрешно ги поврзува нивните постапки со трагедијата.
Во овој процес се судат 35 физички и 3 правни лица за тешки дела против општата сигурност.


