Делчево: Промовирано социјално претпријате за услуги, рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост

0
85

По повод 3 Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост, во Делчево беше промовирано социјалното претпријатие „Интегра“, проект на Хуманитарното здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби „Бравура Кооператива“. Новоотворените простории се сместени во објектот „Стара касарна“ и се наменети за повеќе видови социјални услуги, меѓу кои и рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост.

Во Дневниот центар се згрижени седум лица, во живеалиштата 15, а услугите на институциите ги користат повеќе од 70 стари и изнемоштени лица.

Општина Делчево најави подготовка на нова Програма за социјална заштита, која ќе биде доставена до Советот во декември. Новитетите во програмата ќе опфатат поддршка за лица со епилепсија во соработка со Црвениот крст и Здравствениот дом, финансиска помош за семејства со деца со мускулна дистрофија, продолжени донаторски активности, посебна грижа и други мерки.